Петар Печков
Објавено: недела, 06 ноември 2011
Во заостанатиот натпревар од 7-то коло на Супер лигата во ракомет Борец забележи сигурна победа, иако крајниот резултат не е одраз на настаните на теренот.
Велешани веќе во осмата минута имаа уверливи 6:0. Публиката очекуваше дека домаќинот ќе ја зголемува разликата, но ракометарите на Тинекс Пролет ги анулираа во 27-та минута 12:12. Во второто полувреме одлични 20 минути за Борец, кога направи серија од 10:3 и во 49-тата имаше највисоко водство од 24:16.
Потоа, откако во еден моменти од последните десет минути на средбата, домаќините имаа само тројца играчи во поле, скопјани знаеја да ја казнат ваквата ситуација и во 27-та намалија на 22:25, која предност Борец ја сочува за нови три бода и задржување на второто место од табелата.
Кај Борец Шалевски имаше 7, Илиев 5 а Милосављевиќ постигна 4 гола. Кај Тинекс Пролет Стефанов постигна 5 а по 4 имаа Петрушевски и Серафимовски. Средбата се одигра во салата Гемиџии пред илјада гледачи. Исклучувања Борец 14, Тинекс Пролет 6 минути. Седмерци 2/3 Борец, 2/5 Тинекс Пролет
Tweet |